Германија ќе изгуби најмногу од можното излегување на Грција од еврозоната, во споредба со другите земји кои ја кредитираат.Ова го покажува анализа на германското издание на “Ди Велт”.
Според податоците Берлин, Германија ќе загуби 92,7 милијарди евра, што е 3,3% од бруто домашниот производ (БДП) на земјата или една третина од нејзиниот национален буџет.
На второ место е Франција со загуби од 71,5 милијарди евра или 3,5% од БДП, а на третото место е Италија со 62,1 милијардие евра загуби во износ од 3,8 од БДП.
Износот од 330 милијарди евра за Грција се дадени од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Европската централна банка (ЕЦБ) и Европската комисија, а овие средства беа обезбедени од Националните буџети.
Според оценка на експертите ако Грција сепак излезе од еврозонта, за стабилизирање на монетарната унија ќе бидат потребни уште 250 милијарди евра.
