Грилиш изгубен во Сити, луѓето му го поставуваат истото прашање!

од Vladimir Zorba
258 прегледи

Фудбалерот на Манчестер Сити, Џек Грилш не го оправда првиот дел од сезоната по бомбастичниот трансфер од Астон Вила на „Етихад“, а во интервју за „Скај Спорт“ верува дека следната година ќе биде негова.

„Слушнав дека на некои играчи им треба една година за да се прилагодат на Сити, па се надевам дека ќе ми треба исто толку. Сакам повеќе и се надевам дека ќе го постигнам тоа следната година. Овде стандардите се неверојатно високи на теренот и надвор од него“, изјави Грилиш за Sky Sports.

Тој се осврна на фактот дека Сити летово го собори рекордот и плати 100 милиони фунти за англискиот репрезентативец, како и реакцијата што ја предизвика во јавноста.

„Луѓето прашуваат дали вредам, каде се моите голови и асистенции? Ги разбирам, но се чувствувам привилегиран што Сити издвои толку многу пари за мене. Се надевам дека ќе им се оддолжам со трофеи и голови“.

Не крие дека на „Етихад“ дошол поради трофеи.

„Кога мојата кариера ќе заврши, ќе се бројат трофеите и медалите. Играме одличен фудбал и имаме големи шанси да ја збогатиме сезоната со трофеи. Затоа и дојдов тука“, изјави Грилиш.

Слични содржини