Грилиш ја дави тагата во алкохол

од Vladimir Zorba
3,4K прегледи

На Џек Грилиш очигледно му е тешко да го проголта разочарувањето што не беше вклучен во тимот на Англија за Евро 2024 во Германија. Одлуката на селекторот Герет Саутгејт да се лиши од услугите на фудбалерот на Манчестер Сити шокираше голем дел од главните играчи на „трите лава“, но особено самиот Гралиш, кој утеха побара во чашката.

Според „The Sun“, напаѓачот се препуштал на луди забави во Дубаи, обидувајќи се да заборави на понижувањето. Грилиш беше фотографиран како шета низ фоајето на хотелот со 5 ѕвезди Jumeirah Beach на пат кон барот на плажа. Од снимката се гледа дека тој едвај стои на нозе, а за рака го држи лице од неговата придружба.

„Беше шокантно да се види Џек во оваа состојба во 18.30 часот. Тој и неговите луѓе поминаа низ фоајето. Се чини дека групата веќе се почестила на друго место. Барем имаше пријатели околу себе, но беше многу тешко да не го сожалуваш“, коментира за „Сан“ сведок на инцидентот.

Откако ја напуштија зградата на хотелот, Џек и неговите пријатели се качиле на кола за голф што ги однела до барот на плажата во одморалиштето.

Во групата имало неколку жени облечени во секси облека, но ни трага од девојката на Грилиш – Саша Атвуд.

Слични содржини