Во пресрет на реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите меѓу Атлетико Мадрид и Манчестер Сити, играчот на англискиот клуб Џек Грилиш проговори за својата одлука да се приклучи на тимот и предизвикот на европските турнири.
„Преселувањето во Сити беше клучен момент во мојата кариера. Поголемиот дел од мојот живот го поминав во Астон Вила, бев во клубот од 6-годишна возраст. Заминувањето од Астон Вила беше многу тешка одлука, веќе неколку пати го кажав тоа, но во тој момент почувствував дека ова е вистинското време“, изјави 26-годишниот Грилиш.
„Моментот беше совршен за да продолжам понатаму и да пробам нешто ново, да излезам од мојата комфорна зона. Кога дојдов во Манчестер Сити, се беше поинаку. Но, фудбалот е како рингишпил, има подеми и падови. Ако не го постигнете посакуваниот резултат, си одите дома уништен. Учам да се справувам и со добри и со лоши моменти“, истакна тој.
„Секогаш се сеќавам што ми рече Џон Тери: „Почекај да застанеш таму и да ја слушнеш химната на Лигата на шампионите.“ Тогаш не размислував за тоа, но сега кога ми се случува, се враќам на тој момент и велам дека е неверојатно. Мојот вистински сон е да имам можност да играм, да асистирам и да постигнам гол во Лигата на шампионите. Повеќето од момците во тимот освоија се, но мислам дека овогодинешниот трофеј е она што сите го посакуваат. Би било одлично да го освоиме секој турнир на кој учествуваме, но сите гледаме во Лигата на шампионите“, изјави Гриниш.
Манчестер Сити го доби првиот натпревар против Атлетико Мадрид со 1:0.