Грин: Јокиќ е феномен, но Србија нема шанси против Америка

од Milan1
35 прегледи

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин изјави дека не верува оти Србија е втор најдобар тим на Олимписките игри и таа улога и ја додели на Германија.

Грин во своите подкасти често ги анализира натпреварите во Париз, а во последната епизода ги наведе причините поради кои Србија не е најголема закана за „дрим-тимот“.

-Добро, го имаат Јокиќ, тој е феномен, но немаат дефанзивец кој е подобар од Хелибартон, кој не е ни во ротација во Америка. Со Јокиќ имаше нерешено на теренот на подготовките, но САД ќе се адаптираат, мислам дека Србија нема шанси, изјави Грин.

Тој ја гледа Германија како тим кој може да им се закани на Американците.

-Германија е втор најдобар тим, но има и голема разлика. На Канаѓаните им недостига континуитет, па престанете да кажувате дека секој може да ја предизвика Америка, додаде кошаркарот.

Слични содржини