Грижи за Интер, се истражуваат парите на Ерик Тохир

од Vladimir Zorba
244 прегледи

По информациите за банкротот на сопственикот на Милан, сега темни облаци надвиснаа над другиот тим од Милано – Интер. Според „La Stampa“ италијанските финансиски власти ги истражуваат за перење пари средствата, со кои Ерик Тохир го купи клубот во 2013 година.

Индонезискиот бизнисмен, кој ги купи „нероазурите“ од Масимо Морати, се уште е акционер во клубот и технички се води претседател на Интер, иако го продаде клубот на кинеската компанија „Сунинг груп“.

Според денешното издание на весникот „La Stampa“ два банкарски трансфери од 11 октомври и 15 ноември 2013 година предизвикале сомнежи кај италијанските власти. Тие се однесуваат на 75,198 милиони евра поврзани со повлекувањето на капиталот на друштвото. Преносот е направен од Хонг Конг.

Слични содржини