Гризли мечка искасапи и уби ловџија: Прв напад од ваков вид во национален парк на Алјаска

од Stefanija Kuzmanovska

Мечка Гризли викендов на Алјаска уби ловџија.

Нападот се случил во националниот парк Врангел-Сент Елиас, каде досега не е забележан ниту еден таков случај, пишува Си-Ен-Ен.

Ловџијата, чиј идентитет сè уште не е познат, со пријател бил во лов на лос.

Надлежните служби ги повикаа посетителите на националниот парк да бидат внимателни.

Нападите на мечки се ретки, но се случуваат.

 

 

Слични содржини