Заменик-претседателката на Владата задолжена за добро владеење Славица Грковска смета дека градоначалниците треба да знаат кои сѐ нивните обврски и одговорности и да не очекуваат дека за секој проблем од Владата ќе бараат финансии.
-Така секој од нас може да биде градоначалник. Добар дел од градоначалниците не се свесни за ингеренциите и обврските што ги имаат. Мислам дека секој од нас кога ќе му биде понудена одредена позиција треба прво да се запраша кои се обврските кои што ќе ги има на таа позиција, какви се одговорностите и дали секој од нас има капацитет да ги извршува тие одговорности и обврски и кога ќе се преиспита себе си тогаш да си го врати одговорот дали ќе се нафати да ја извршува таа функција или не, нагласи Грковска во емисијата „Топ тема“.