Грковска објасни колку сме блиску или далеку од тоа граѓаните да добијат електронска лична карта

од Nikola Popovski
224 прегледи

За жал, сме на самиот почеток, во текот на подготовките би рекла и мене многу ми е толку криво што сме ги пропуштиле сите овие години да го направиме првиот чекор. Електронската лична карта претставува основна алатка со помош на која можат да се користат дигиталните услуги, во едно општество, рече заменик-министерката на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Грковска е децидена дека незамисливо е да зборуваме за дигитална трансформација на општеството без да имаме основната алатка за тоа.

Таа смета дека реални се проекциите на естонските експерти дека граѓаните би можеле да имаат електронска лична карта за околу две и пол години.

-Од друга страна истовремено ни недостига законско решение во областа на архивското работење, кое ќе овозможува депонирање на дигиталните документи. Сега сме во една ситуација кога во недостаток на електронска лична карта, ги користивме можностите на нашите сметки во УЈП, со помош на кои имаме пристап до електронските услуги кои што досега Владата и министерствата ги направија дигитално, рече Грковска во емисијата „360“.

Слични содржини