Грковска за „фудбалот“ кај Груби: Не е начин на кој функционерите треба да се однесуваат

од Nikola Popovski
219 прегледи

Тоа не беше добро прифатено од јавноста. Не сметам дека е начин на кој што функционерите треба да се однесуваат, вели вицепремиерката за борба против корупцијата, Славица Грковска за играњето фудбал и кошарка во министерскиот кабинет на Артан Груби во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Според неа, функционерите треба да бидат внимателни.

-Треба да се има малку повеќе сензибилитет за тоа како функционерите треба да се однесуваат и каква слика даваат пред граѓаните, рече утрово Грковска.

Последната „рекреација“ во министерскиот кабинет на Груби предизвика бурни реакции во јавноста, откако беа објавени фотографии како првиот вицепремиер заедно со останатите колеги-министри кои доаѓаат од ДУИ, Бујар Османи, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Јетон Шаќири, како и нивниот доскорешен колега Насер Нуредини, решиле да се опуштат после работното време, играјќи фудбал и кошарка.

-Не беше во работно време, но и да беше. Не гледам ништо неморално и неетички, едноставно шутирваме, си игравме малку фудбал, пет минути, и баскет. Зошто да не играме внатре? На мало голче игравме фудбал, во тоа не гледаме ништо спорно, објасни Груби пред две недели.

Пред неколку и дена и претседателот на фондацијата „Отворено општество“, Александар Сорос беше прикажан како шутира фудбал на мали голчиња во кабинетот на Груби.

Слични содржини