Грлиќ – Радман: Да се почне со преговори, па останатите отворени прашања да се решаваат паралелно

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Северна Македонија е подготвена, сите услови се подготвени да се почнат пристапни преговори, очекуваме подготвеност и од Република Бугарија да се најде заедничко решение. Сите прашања што ќе се отворат подоцна можат да се решаваат и паралелно, вели во интервју за МИА шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ – Радман.

Според него, сега е многу важно сега да се почне со пристапни преговори со цел на државите од Западен Балкан да им се испрати важна политичка порака, дека ЕУ е подготвена да се вклучи, дека Западен Балкан е дел од европскиот простор, дека тој е важен геополитички и геостратешки простор.

Тој повтори дека има навестувања оти сепак е можно на 23 јуни да се случи и да се организира меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ, и тоа ќе биде еден позитивен исчекор напред, а потоа е можно усогласувања и договори меѓу Северна Македонија и Бугарија со поддршка на ЕУ.

Слични содржини