Грлиќ-Радман во работна посета денеска во Скопје

од Берта Китинска
289 прегледи

Министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска Гордан Грлиќ Радман денеска ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија.

Во рамки на посетата министерот Радман ќе има средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а ќе биде примени и од претседателот Стево Пендаровски.

Хрватска е актуелен претседавач со Советот на ЕУ и во тој контекст фокус на посетата ќе биде даден на европската перспектива на земјата.

Слични содржини