Грлиќ Радман: Нема да има „пречки“ и „политички патишта“ за влез на земјите од Западен Балкан во ЕУ

од Nikola Popovski
611 прегледи

Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман денеска изјави дека Хрватска ги поддржува земјите од Западен Балкан за влез во Европската унија (ЕУ), но под услов да ги исполнат критериумите поставени од Брисел и да ја усогласат својата надворешна политика со земјите-членки на ЕУ.

– Европската унија останува отворена за сите земји од Западен Балкан, но нивното идно членство и перспектива зависи од нивните сопствени достигнувања, спроведувањето на реформите и исполнувањето на критериумите и одредниците. Исто како што Хрватска го направи истото пред повеќе од 11 години, откако заврши тешка работа – изјавил Грлиќ Радман за „ТВ Виена“.

Во петокот, како дел од иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“, тој во Австрија се сретна со министрите за надворешни работи на Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Албанија.

– Кога зборуваме за некои земји од Западен Балкан, важно е да се каже дека нивната надворешна политика мора да биде 100 проценти усогласена, во целост, со европската заедничка надворешна и безбедносна политика, изјавил Грлиќ Радман по средбата во Австрија.

На средбата затворена за медиумите присуствуваа и шефовите на дипломатиите на Австрија, Словенија, Италија, Чешка, Словачка и Грција, кои се членки на ЕУ.

„Пријатели на Западен Балкан“ е иницијатива покрената во 2023 година од страна на австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг „со цел да се поддржи процесот на проширување на ЕУ“.

Тој додал дека Хрватска сака да им помогне „со своето искуство и својата експертиза“.

Тој порачал и дека „треба да се соочиме со минатото“ и „да не се посегнуваме по некои теми кои можат дополнително да ги прошират отворените рани од распадот на поранешната држава (Југославија)“.

Хрватскиот министер истакнал и дека нема да има „пречки“ и „политички патишта“ за земјите од Западен Балкан, туку „правни“ пропишани од ЕУ.

Австриските функционери им соопштиле на новинарите дека проширувањето на ЕУ на земјата кон југоисток е еден од нејзините надворешнополитички приоритети поради традиционалните врски со тој дел од Европа и проширувањето на пазарот за австриските компании.

Слични содржини