Грмеше во соблекувалната на „азурите“, Де Роси главна sвезда (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
316 прегледи

Не можеше да биде „принцот на Рим“ во ерата на Франческо Тоти, но Даниеле Де Роси беше една од заштитните знаци на Рома веќе две децении. Пред две години, тој се збогуваше со својот сакан клуб, се обиде да ја оживее својата кариера во доцните години со настап за Бока јуниорс, но не успеа …

Поранешниот играч за врска на „волчицата“ и поранешен репрезентативец на Италија ги обеси своите фудбалски копачки, а потоа започна да гради тренерска кариера како еден од бројните помошници на селекторот на Италија, Роберто Манчини. Поранешниот капитен на Рома очигледно е господар на атмосферата во соблекувалната на новите европски шампиони.

Беше весело по мечот на Вембли, кога Кјелини, Бонучи и другите репрезентативци со песна ја прославија титулата. И Де Роси имаше „пет минути слава“. Играчите му направија подлога, ги натопија масите со пиво, а потоа родениот Римјанец „заплива“.

Тој имаше добро слетување, а потоа еуфорично ја прослави победата, на радост на неговите поранешни колеги.

Роси беше дел од златната генерација на Италија, која во 2006 година ја освои титулата светски првак против Франција на славниот натпревар што „азурите“ го добија по продолженија. Натпреварот се памети и денес по ударот на Зидан со глава во градите на Марко Матераци.

Освен Даниел де Роси, во стручниот штаб на Италија има и поранешни претставници на „азурите“ – Виали, Ломбардо, Ерани …

Слични содржини