Откако корисниците на Grok забележаа дека четботот добил инструкции да не одговара со овие резултати, за тоа е обвинет неименуван вработен кој претходно работел за OpenAI.
GrokAI привремено одбива да даде одговори, користејќи извори кои ги спомнуваат Илон Маск и Доналд Трамп како шират дезинформации.
Зад оваа информација стои Игор Бабушкин, главен инженер во стартапот xAI, каде што е развиен Grok.
Откако корисниците на Grok забележаа дека четботот добил инструкции да не одговара, Бабушкин обвини неименуван вработен, кој претходно работел за OpenAI, кој бил задолжен за надградба на системот за пребарување на Grok на xAI. Контроверзната промена, наводно, ја направил без одобрение.
Бабушкин рече дека системот на Grok (внатрешни правила кои одредуваат како вештачката интелигенција одговара на прашања) е јавно видлива бидејќи xAI верува дека корисниците треба да можат да видат што бараат од Grok да направи.
Тој тврдеше дека „еден вработен протуркал промена“ во системот за пребарување затоа што „мислел дека тоа ќе помогне, но очигледно не се усогласува со нашите вредности“.
Илон Маск сака да го нарекува Grok вештачка интелигенција која „максимално ја бара вистината“, со мисија „да го разбере универзумот“. Откако беше објавен моделот Grok-3, четботот истакнуваше дека претседателот Трамп, Маск и потпретседателот Џеј-Ди Венс „нанесуваат најголема штета на Америка“.
Инженерите на Маск исто така интервенираа за да го спречат Grok да тврди дека Маск и Трамп заслужуваат смртна казна, пишува Verge.