Денеска во Хрватска треба да почне најавениот еднодневен бојкот на ланците супермаркети, а дел од повиците на социјалните беа насочени и продавниците, кафулињата, рестораните, аптеките…Мотивите зад бојкотот се поврзани со незадоволството на потрошувачите од високите цени и, како што тврдат граѓаните, недоволната контрола врз трговците.
Со свој излезе и партијата ГРОМ. Велат дека се изненадени од леснотијата со која, како соопштија, премиерот Христијан Мицкоски се нафрла врз маркетите притоа не бирајќи зборови ниту пак закани кои не приличат на претседател на Влада на една држава.
-Малку се овие работи па уште иницира и поддржува бојкотирање на трговците на мало, не водејќи сметка каква штета им прави. Ваква неодговорна политика кон свои претпријатија е невидена од 1945 година па наваму во Република Македонија.
Ваков пример Христијан Мицкоски имаше на север, во Социјалистичка Република Србија кога Слободан Милошевиќ нареди бојкот на словенските производи. До каде стаса Србија со таквата арогантна политика и Слободан Милошевиќ не треба да коментираме.
Со ова владата на Република Македонија, особено економските ресори и нејзиниот претседател демонстрираат непознавање на економски политики не знаење како функционира пазарна економија. Секоја влада за стопанството треба да создава услови да му ја зголемува профитабилноста, да го зголемува стандардот на граѓаните и да се труди со своите политики да ги намалува трошоците за производство, за трговија, дистрибуција, но и трошоците за живот. Овде гледаме отсуство на било каква конзистентна економска политика, порачаа од ГРОМ.
Партијата го прашува „Мицкоски зошто не повика да се бојкотираат казината и обложувалниците“?
-Зошто не преземе нешто за неговите другари, за дистрибутерите на електрична енергија, нафтените компании, телекомуникациските фирми, а пред се банките? Банките, извршителите, нотарите, овие се вистинските сектори каде било какво ограничување ќе значи намалени трошоци на живот, повисок стандард, пониски цени и поголем остаток за сите.
На крајот имаме едно прашање, до господинот Мицкоски што ќе правите ако комората на малопродажните маркети одлучат во знак на револт една недела да ги бојкотираат граѓаните?
Што тогаш ќе преземете? Дали насилно ќе им ги обивате маркетите?
ГРОМ предупредува дека еден бојкот раѓа друг бојкот, нов. Во исто време владата треба да одговори зошто ги зголемува буџетските расходи и зошто не намали од својот профит, односно од даночните зафаќања: ДДВ-то , персоналниот данок , данокот на добивка, туку напротив, малку му се, парите од македонските граѓани па позајмува и од Унгарија за да има што повеќе да троши, стои во соопштението на Стевче Јакимовски.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ја разбира најавената акција на граѓаните за бојкот на маркетите, бидејќи, како што рече, одамна зборувал за однесувањето на поединци во овој бизнис дека на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат високи профити. Одговарајќи на новинарско прашање дали е точно дека дел од производителите се уценувани од големи синџири на маркети кои се обидувале да го изиграат Законот за нефер трговски практики, давајќи им договори со маржи од 10 отсто, а потоа нуделе специјални договори со маржи и до 45 проценти, Мицкоски рече:
„Од овој момент, кога ќе ја напуштам оваа прес-конференција, ќе се обратам до соодветните институции веднаш да преземат мерки“.