Гром удри авион со тенисери: Зверев раскажува за драматичното патување кон Париз

од Љубиша Владимиров
9 прегледи

Германскиот тенисер Александар Зверев имаше возбудливо патување до Париз, каде што пристигна на турнирот по необична авионска авантура. Зверев објасни дека неговиот лет од Хамбург кон француската престолнина бил погоден од гром, што предизвикало итно слетување. „Требаше да полетаме вчера во 18:45 часот, но поради громот што го удри авионот, моравме итно да се вратиме назад во Хамбург,“ рече тој.

Поради оваа непредвидена ситуација, не можел веднаш да најде нов авион. На крајот, успеал да се качи на друг лет околу 1 часот по полноќ и пристигнал во Париз во 3 часот наутро. „Беше доста интересно и смешно искуство, особено бидејќи тоа ми беше првпат да летам во авионот што го погоди гром. Имаше малку бучава, но сè помина без проблеми“, додаде Зверев. Иако патувањето било турбулентно, германскиот тенисер сега е во Париз и подготвен за настапот на турнирот.

Слични содржини