171
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) Рафаел Гроси денеска изјави дека е загрижен поради фактот што светот нe обрнува доволно внимание на значајната опасност која ја претставува нуклеарната централа Запорожје во Украина.
Говорејќи пред новинарите во Киев, Гроси рече дека нуклеарна несреќа може да се случи во секој момент и повтори дека ситуацијата во нуклеарната централа е многу небезбедна, пренесе „Ројтерс“.
„Се грижам дека ова станува рутина, дека луѓето можат да веруваат дека ништо не се случило досега, па затоа генералниот директор на IAEA крева лажна узбуна?“, рече тој.