272
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, предупреди дека можноста за „несреќа“ се уште е присутна во најголемата нуклеарна централа во Европа, во регионот Запорожје, која се наоѓа во близина на линијата на фронтот во Украина.
Гроси, по разговорот во Сочи со рускиот претседател Владимир Путин, оцени дека ситуацијата околу нуклеарната централа „еволуирала“ во последните месеци, но дека опасноста постои се додека траат непријателствата меѓу Москва и Киев.
Во интервју за „Раша тудеј“ (РТ), тој рече дека МААЕ „добро се воспоставила“ во нуклеарната централа Запорожје, каде што сега е мирно, за разлика од раните фази на конфликтот кога настрада објектот од „директни удари“.