151
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) продолжува со посетата на нуклеарната централа Запорожје, и покрај извештаите за бомбардирање, изјави генералниот директор на организацијата Рафаел Гроси.
„Имаше воени активности, дури и утринава, пред неколку минути, но ние не застануваме“, изјави Гроси на новинарите во градот Запорожје, пред да замине во седиштето на околу 120 километри.
Тој рече дека тимот на МААЕ „веднаш ќе започне да ја проценува безбедносната ситуација во електраната“.