Како се нарекува пропаднат бизнисмен кој со сета поддршка од институциите успеа да ја уништи идејата Кожуф да стане регионален ски центар. Ова е прашањето на колумнистот Виктор Грозданов до како што го нарекува „таканаречениот“ активист Ангел Наков кој во изминатиот период упатува тешки навреди кон сите оние кои го поддржуваат рударството во Македонија и ги нарекува непознати експерти, периферни личности и алкохоличари.
Нивните закани, омаловажувања и навреди кон нас не функционираат, напиша Грозданов.
„ До пред некое време си тропаа „зелени“ без некој да им реагира. Своите манипулации и паники ги продаваа како апсолутна вистина. Одеднаш се чувствуваат загрозено. Не можат да водат стручна дебата бидејќи се „боси“. Затоа се служат со навреди и приземен речник. Ветиле дека ќе испорачаат, сѐ наплатиле ама не предвиделе дека може и некој да ги разобличи нивните вистински намери. Впрочем, тие знаат дека ние имаме само една стратегија. А тоа е на научно ниво да се одлучи за иднината на Македонија. Стратегија која на најтранспарентен начин ќе се споделува со јавноста. Втората стратегија нема потреба да биде насочена кон лажните еко активисти туку кон други скриени играчи кои имаат влијание врз политичарите и им испратиле во нивното блиско опкружување филозофи-озборувачи (познати како полтрони).Ова е нашата сегашна вистина која заедно ќе ја измениме. Сите заедно, напиша Грозданов.
Затоа годинава што доаѓа со уште посилно темпо продолжува разоткривањето на сите оние кои имаат за цел комплетно да ја осиромашат нашата држава. На македонското општество му е неопходен здрав НВО сектор и секоја чест на исклучоците, но не смееме да молчиме дека постојат многу примери на изигрување на граѓанскиот активизам. Она што е суштински важно е дека во Македонија егзистираат типови кои преку фингиран граѓански активизам всушност одработуваат за одредени центри на моќ чија цел е држење на општеството во една „статус кво“ ситуација, што би ја толкувал со фразата „Формално сме НАТО, официјално сме за ЕУ ама душите и срцата ни се со Русија“, пишува во својата најнова колумна Грозданов.
„Еве да им поставам две прашања на еко активистиве во рамки на рударството, посебно дел за екстракција на злато како најскапоцен метал и употреба на дехидрирана јаловина. Драги еко активисти, за мене дилетанти, како ќе ја коментирате општата проценка на ризик со следниве сценарија: Сува јаловина без одмивање за да се вратат реагенсите (со содржина на раствор од лужење од 8-15%) Сува јаловина без одмивање за да се вратат реагенсите (со содржина на раствор од лужење од 1.6-3%) Еве да им помогнам. Одмивањето на јаловината го намалува ризикот од миграција бидејќи ќе ги отстрани потенцијалните подвижни метали. Покрај тоа, процесите од природното слабеење како што се апсорпција, пуферскиот капацитет и разредувањата ќе ги намалат влијанијата, прашува Грозданов.
Во колумната Грозданов пишува и за проблемот со загадувањето на воздухот. За да може да се донесат мерки кои ќе дадат ефект треба да се разговара со научници, а не со филозофи или политичари кои влетуваат во замката на самопрогласените активисти, пишува Грозданов и наведува дел од мерки кои треба да се донесат за да се намали загадувањето на воздухот
„Се забранува градење на повеќе од 10 згради истовремено на територија Град Скопје, се воведува во сите градови јавен превоз оптимален на големината на истите, се воведуваат рестриктивни мерки за автомобили постари од 15 години, сите автомобили кои загадуваат и кои се хаварисани се топат под посебни услови, апсење на сите оние кои создаваат диви депонии, се предвидуваат големи пешачки зони итн, пишува Грозданов.
Има уште многу точки но, многу поверојатно е дека политичарите ќе продолжат да носат кризни мерки кои немаат допирна точка со реалноста и преку медиумите ќе повикуваат на дебати лажно стручни лица од типот на Танушев, „ТРН“ Велков, пишува Грозданов. Таквиот легитимитет кои го даваат политичарите заедно со медиумите на овие манипуланти кои живеат за 5 минути слава, не разбираат дека ја нарушуваат целата концепција на употреба модерни технологии и решенија кои ќе ја сочуваат животната средина, ќе направат баланс помеѓу потребите на луѓето и сиот друг жив свет, додава на крај Грозданов.