Грозданова: Први ќе се вакцинираат здравствените работници од Инфективната клиника и од 8-септември

од Nikola Popovski
221 прегледи

Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација денес изјави дека модуларната болница ќе се користи само како вакцинален пункт.

„Направени се приоритетни листи на колеги. Планот е да се почнеме со вакцинација на колегите од Инфективната клиника, потоа колегите од 8-септември, па здравствените работници од Клиничките болници и потоа со повикување на сите колеги од цела Македонија“, вели Грозданова за емисијата „Студио 10“.

Според неа, на почетокот ќе се вакцинираат 300-400 луѓе дневно.

„Фајзеровата вакцина е поспецифична затоа што стои на минус 70 степени, а потоа се раствора и аплицира“, посочува Грозданова.

Таа соопшти дека според анкетата спроведена во декември, 67 проценти од медицинските работници сакаат да се вакцинираат.