Грозоморно: Возрасен маж силувал девојче во Кавадарци

од Берта Китинска

61-годишен жител на кавадаречко село силувал малолетно девојче, штитеничка на Дом за деца во социјален ризик во Кавадарци, соопшти МВР. Случајот го пријавила вработена во Домот.

„На 25.10.2022 во ОВР Кавадарци, вработена во Мал групен дом за деца во социјален ризик во Кавадарци пријавила дека на 23.10.2022, 61-годишен маж од кавадаречко село извршил обљуба врз малолетна штитеничка на домот“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини