Грција дава по 330 милиони евра за повторно отворање на рестораните

од Nikola Popovski
342 прегледи

Грција ќе им понуди помош на рестораните и кафулињата, кои со месеци беа затворени, од околу 330 милиони евра за да им се овозможи повторно отворање во следните недели, соопштија денеска властите на земјата. Рестораните се очекува да бидат отворени подоцна во април пред планираното отворање на туристичкиот сектор од средината на мај.

Повеќе од 70.000 ресторани, барови и кафулиња се затворени од ноември, кога беше воведена строг локдаун за спречување на вториот бран на пандемијата од коронавирус.

Индустриските здруженија проценуваат дека приближно секој петти може да не продолжи со работа пред летната туристичка сезона.

Секоја компанија ќе добие грант до 100.000 евра, според одредени критериуми, за покривање на трошоците за повторно отворање, со вкупен пакет од 330 милиони евра, се вели во соопштението на грчкото Министерство за финансии.

Владини официјални лица минатиот месец соопштија дека рестораните може да се отворат подоцна во април пред планираното отворање на туристичкиот сектор од средината на мај.

Секторот веќе добил една милијарда евра од државата во форма на ефтини заеми и други грантови, според Ројтерс.

Грчките власти во средата олеснија некои ограничувања, дозволувајќи им на малите продавници повторно да се отворат, потсетува агенцијата.

Слични содржини