Со оглед на релативно малиот број на случаи на коронавирус – 3,148 заразени и 185 смртни случаи, Грција им овозможи на компаниите повторно да работат, а од понеделник, со работа ќе започнат и борделите, сепак, според строги правила.

Посетите се ограничени на 15 минути по клиент и се препорачува и сексуалниот работник и клиентот да носат маски, објави Си-Ен-Ен.
Вратите и прозорците треба да бидат отворени за да се овозможи влез на свеж воздух, а плаќањето ќе биде само со картичка.
Борделите треба да водат список со клиенти со имиња и телефонски броеви во затворен плик во период од четири недели, во случај доколку надлежните органи пронајдат заразени токму од овие објекти.
И други земји размислуваат повторно да дозволат работа на сексуалната индустрија, така што холандската влада планира повторно да ги отвори борделите на 1 септември, иако има повици да го сторат тоа порано.