Грција го објави списокот со 29 земји: Македонците ќе можат да патуваат од 15 јуни

од Nikola Popovski

Грција денес го објави списокот со 29 земји чии државјани ќе можат да пристигнуваат од 15 јуни, како дел од новото ублажување на мерките воведени за борбата против пандемијата на коронавирусот.

Овие 29 земји се Албанија, Австралија, Австрија, Северна Македонија, Бугарија, Германија, Данска, Швајцарија, Естонија, Јапонија, Израел, Кина, Хрватска, Кипар, Латвија, Либан, Нов Зеланд, Литванија, Малта, Црна Гора, Норвешка, Јужна Кореја Унгарија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Чешка и Финска.

Посетителите од тие земји би можеле да бидат тестирани за вирусот по принципот на случаен примерок, соопштило тамошното Министерство за туризам.

Според нив на патниците од тие земји ќе им биде дозволено да влезат во Грција со директен летови до Атина и Солун.

Списокот на земји ќе биде проширен на 1 јули, соопштило Министерството.

Грција воведе мерки за изолација веднаш откако беа пријавени првите случаи на коронавирус, во кои починанле 175 луѓе, а се заразиле нешто над 2.900.

Не се пријавени случаи на инфекција во големото мнозинство на грчки острови, кои се популарни за одморите.

Туризмот и поврзаните индустрии сочинуваат 20 проценти од грчката економија, а Владата се обидува да не биде изгубена летната туристичка сезона.

Слични содржини