Почетна / Бизнис / Грција крои план да привлече супер богати луѓе

Грција крои план да привлече супер богати луѓе

Откако со даночни олеснувања, Грција планира да привлекува странски пензионери, оваа земја сега прави план како да привлече супер богати луѓе. Како што пишува Ekathimerini, владата подготвува сет од мерки за привлекување на богати луѓе во земјата преку таканаречени семејни канцеларии.

Зад „скромните“ семејни канцеларии стојат приватни бизниси коишто се во семејна сопственост, а “тежат“ стотици милиони или милијарди долари.

Грчката влада ги таргетира токму ваквите семејни бизниси, коишто нудејќи им различни погодности, би го преселиле своето работење во земјата.

Како причина за ваквиот потег не се наведуваат само даночните приходи, туку и активности што би ја зајакнале грчката економија.

loading...