Грција планираше да им обезбеди на сите училишта заштитни маски, но плановите делумно не успеаја затоа што сите маски беа преголеми за деца, па дури и за возрасни.
Официјалните лица ја признаа грешката во вторникот, откако оваа недела пристигна првиот круг маски во училиштата.
Сопственикот на компанијата што го доби тендерот за дистрибуција на 500.000 маски, Јанис Статопулос, рече дека добил погрешни мерки од администрацијата.
#μασκες_αλεξιπτωτα #κυβερνηση_τσιρκο #μασκα pic.twitter.com/heiOjlQsXe
— le petit Koulis (@parta__) September 15, 2020
Според него, од него било побарано да направи маски со димензии 10х18 сантиметри за деца до десет години и 12х22 сантиметри за постари ученици и наставници.
– Во прашање е недоразбирање. Поднесените мерки беа за ткаенината пред обработката. Сè ќе се коригира – потенцира заменик министерот за здравство Василис Контозаминис.
Αυτοί που ψώνισαν αυτές τις μάσκες για τα σχολεία, θέλουν να ψωνίσουν φρεγάτες κι αεροπλάνα.
I rest my point. pic.twitter.com/RJgGAw9Rgy— P.G. Papanikolaou (@PGPapanikolaou) September 14, 2020