Основачот и лидер на грчката неонацистичка партија Златна зора, Никос Мицалолијакос, денес беше осуден за „водење на криминална организација“. Пресудата, која е кулминација на петгодишното судење, предизвика ентузијазмот кај насобраните пред судот во Атина.
Илјадници се собраа денес пред судот во Атина за да ја слушнат пресудата за историското, петгодишно судење на активисти на неонацистичката партија. Златна зора освои 18 места во парламентот во 2012 година, искористувајќи ја длабоката економска криза во која западна земјата. Партијата беше во парламентот до 2019 година, кога тие не го поминаа цензусот.
Кривичната истрага на партијата започна со убиството на антифашистичкиот рапер во 2013 година, кога лидерот на партијата и уште 67 други беа обвинети за голем број кривични дела, пренесоа медиумите. Околу 2.000 полицајци се собраа пред Апелациониот суд во Атина, додека стотици протестираа, барајќи подолги затворски казни, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Стравот нема да победи“ и „Нацистите во затвор“.
Кому му се суди?
Во центарот на судењето се лидерот на Златна зора, Никос Мицалолијакос и 18 поранешни пратеници избрани во 2012 година, кога неонацистичката партија беше трета на националните избори благодарение на нејзината антиимиграциска, националистичка платформа.
Откако освоија скоро 7 проценти од гласовите во мај 2012 година, приврзаниците на партијата започнаа да ги напаѓаат политичките противници и мигрантите.
На судењето на Златна зора е и Јоргос Пупалиас, кој беше осуден за убиство на антирасистички и музичар Павлос Фисас. Раперот беше нападнат и прободен со нож во Пиреја во септември 2013 година од група насилници, а самопрогласениот член на Златна зора, јоргос Пупакис беше обвинет за убиство. Обвинителството тврди дека раководството на партијата знаело за убиството.
Обвинувања
Судот денес требаше да одлучи дали Златна зора е криминална организација и со тоа дали лидерите на партиите треба да се сметаат за членови на криминална банда.
Покрај убиството на Фисас, групата е поврзана и со десетици напади врз мигранти и левичари, а тие се обвинети и за обид за убиство на египетски рибар во 2012 година и комунистички активист на синдикатот ПАМЕ.
Доколку бидат осудени, 68 обвинети ќе добијат затворски казни од пет до 20 години.
Кој е нивниот водач?
Никос Мицалолијакос ја основаше партијата во средината на 1980-тите, и е посведочен нацист и симпатизер на Хитлер кој ги поздравува своите приврзаници со нацистички поздрав и упорно го негираа холокаустот.
Мицалолијакос секогаш негираше вмешаност во убиството на раперот, но полицијата која изврши рација во неговиот дом пронајде оружје и муниција.
Златна зора официјално негира дека се неонацисти, но нивниот амблем на партијата изгледа како кукаст крст, некои членови го величаат Адолф Хитлер, а омилен моден избор се црни маици и карго панталони.