Невакцинираните лица кои се враќаат од одмор ќе добијат два бесплатни тестови за тестирање во домашни услови на коронавирус, објави денеска грчкото Министерство за здравство.
Тестовите ќе бидат достапни во аптеките, почнувајќи од 30 август до 6 септември, пренесува „Катимерини“.
Владата се надева дека оваа мерка ќе ги охрабри граѓаните што се враќаат од одмор да се тестираат.
Бесплатните тестови ќе бидат проследени до невакцинираните работници во приватниот и државниот сектор, како и на невакцинираните деца на возраст од пет до 17 години, како и на возрасните на возраст од 18 до 30 години.
Резултатите од тестот мора да бидат поставени на веб -страницата на грчката влада со цел да се издаде валиден сертификат.
За потсетување, од денеска патниците што влегуваат во Грција преку С. Македонија со негативен ПЦР или брз тест, дефинитивно ќе бидат тестирани за Ковид-19.
Оваа дополнителна мерка за заштита од коронавирус, освен за патниците од Северна Македонија, важи и за патниците што влегуваат во Грција од 15 други земји, и доколку резултатот од тестот е позитивен, се предвидува 10-дневен карантин.