Грција: Пораст на бројот на новозаразени со коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska
212 прегледи

Бројот на новозаразени со коронавирус во Грција се зголеми во изминатите 24 часа за 52, вклучително и седум лица кои влегоа во земјата по копнен или воздушен пат, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19  порасна на 4,279.

Според грчката Организација за национално јавно здравје, најголем број случаи се регистрирани во регионот Атика и во Солун, јави АНА.

Осум пациенти се на респиратор во болниците, а вкупно 127 лица ги напуштиле одделенијата за интензивна нега од почетокот на епидемијата.

Во изминатите 24 часа, едно лице почина од коронавирусот, така што бројот на смртни случаи сега е 203.