Страшна вест доаѓа од Солун. Во вторникот по полноќ во бил убиен 19-годишниот навивач на Арис, Алкис Камбанос.
Според грчките медиуми, Камбанос се шетал со пријателите во делот од градот кој го поддржува Арис кога им се приближиле два автомобили. Ги прашале за кого навиваат, а потоа следел страшен напад. Тие излегле од возилото и ги избоделе младите луѓе.
Камбанос бил прободен во бутот, па искрварил на пат кон болница, додека неговите пријатели кои исто така биле нападнати и избодени се во стабилна состојба. Полицијата верува дека во нападот учествувале десет лица.
– Уште еден млад човек е убиен од група убијци кои со години кружат и оперираат во Солун. Направил „грешка“ што навивал за Арис и што бил со пријателите во соседството, се вели во соопштението на грчкиот клуб.
https://twitter.com/HooligansTV_eu/status/1488571422389805061?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1488571422389805061%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.srbijadanas.com%2Fsport%2Ffudbal%2Fubijen-navijac-u-solunu-2022-02-02
Ваквото однесување на хулиганите го осудија ривалските клубови, ПАОК и Ираклис, а како што неофицијално се дознава убиството било дело на „навивачите“ на ПАОК.
Фото: Profimedia