Грците демантираат дека полицијата застрелала сириски бегалец: Тоа е лажна вест!

од Nikola Popovski
151 прегледи

Грчките власти негираа дека сириски бегалец е убиен во судирот меѓу мигрантите и грчката полиција на турско-грчката граница.

Грчките власти рекоа дека се работи за лажни вести и ги повикаа сите медиуми поодговорно да ја известат јавноста за случувањата на границата.

Патем, веста за прва објави Ројтерс, повикувајќи се на свои извори, наведувајќи дека полицијата пукала во Сириец, кој подоцна починал.

Уште од одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да ја „отвори вратата“ за бегалците на пат кон ЕУ и со тоа да „стави крај“ на договорот за бегалци меѓу Турција-ЕУ,  на грчко-турската граница владее големо безредие.

Конфликтите се секојдневни, а илјадници лица се обидуваат да го достигнат до тлото на ЕУ. По одлуката на Турција да ги „отвори границите“ кон ЕУ, повеќе мигранти од вообичаеното пристигнаа на грчките острови. Затоа, Грција го удвои бројот на граничните патроли.