Властите во Грција одлучија да ги продолжат мерките што важат за влез на странски државјани во таа земја до 22 февруари, пренесуваат српските медиуми.
Според „Новости“, регулативите во Грција се засилени од денес, па во Грција е воведен полициски час од 18 до 06 часот наутро.
Објектите за храна, аптеките и бензинските пумпи ќе бидат отворени од 07 до 17 часот.
Во Грција бројот на пациенти со корона повторно расте, загрижува ширењето на мутираниот вирус, регистриран во над 200 случаи, а во болниците има се помалку места.