Употребата на вакцината на „АстраЗенека“ продолжува во Грција, изјави шефицата на грчкиот Национален одбор за вакцинација, Марија Теодорида.
Во извештајот на АНА се наведува дека државниот секретар за примарна здравствена заштита на Грција, Мариос Темистоклеус, посочил дека се откажани помалку од 4 отсто од закажаните вакцинации со препаратот на „АстраЗенека“, а досега се појавиле 85 отсто од граѓаните закажани за вакцинација со „АстраЗенека“.
Темистоклеус потврди дека Грција очекува испорака на уште половина милион дози од оваа вакцина во март.
Европската агенција за лекови (ЕМА) денес објави дека во четврток ќе објави заклучок и можни препораки во врска со употребата и можните несакани ефекти на вакцината на „АстраЗенека“, како што се појава на крвни згрутчувања, тромбоза и емболија.