Министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во вечерашното госување на Телма објасни дека проблемот со рамковни административци бил со долгогодишното наталожување поради неприфаќање на институциите.
-Рамковните вработувања беа успешно воведена реформа која беше донесена, но имаше застој за време на изборите кои го оневозможуваа вработувањето на рамковните договори и се наталожи огромен број кој не беше спроведен од страна на министерите кои беа задолжени да го спроведат Охридскиот рамковен договор. Системот функционираше од 2010 година и тој почна да се наталожува поради предвремените избори. Гршката при вработувањето на овие лица не е по нивна вина туку на институциите кои не прифаќаа рамковно вработени и затоа бевме принудени да усвоиме закон за да се вработат и да се распределат. Денеска една третина веќе потпиша тоа се 149 лица, од кои 143 лица од утре започнуваат со работа во МВР и пред да се распределат се проверени и го поминаа ветингот и го исполнуваат условот, изјави Груби.