Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби се сретна со Амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов.
На средбата се разговарало за важноста на брзото и успешно затварање на oтвореното прашање помеѓу нашите земји за заедничката прогресивна иднина и за брзата интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија.
Груби му се заблагодари на амбасадорот Ангелов за брзата интервенција на бугарските власти со цел целосно расветлување на трагичниот настан во кој животот го изгубија 45 патници од Македонија, како и за третманот и укажаната грижа кон преживеаните.
Груби и Ангелов се согласија дека со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, двете земји поставиле одлични основи за добра соработка меѓу двете земји.
Двајцата соговорници, се согласија дека двете земји ќе продолжат посветено да го имплементираат договорот и да ја зајакнат соработката помеѓу двете земји, во позитивна насока и со поголема волја за решавање на сите предизвици.