Груби: Бараме сеопфатна дебата за отворање на Уставот, има многу недостатоци

од Берта Китинска
129 прегледи

Првиот вицепремиер Артан Груби во гостување во емисијата #ClickPlus на ТВ21 рече дека бараат сеопфатна дебата за отворање на Уставот, затоа што имал многу недостатоци.

„Јас доаѓам во вашето студио во ТВ21 од една сериозна средба со релевантни луѓе. Имаме информации дека може да имаме повеќе од 80 пратеници за уставните измени. Во процесот помагаат луѓе кои ја сакаат државата“, рече Груби.

Тој додава дека бараат да се отвори една ваква дебата и процесот да се води во Собранието.

„Но, еве ексклузивно од вашето студиo, како ДУИ бараме конечно после 20 години сериозно да се анализираат сите недостатоци во Уставот, бараме да се отвори Уставот и да се разговара за сите недостатоци, не само за бугарските барања, туку за многу други предлози“, додаде тој.

Груби предлага претседателот на државата да се гласа во Собрание.

„Еве на пример може да се размисли и за внесување во Уставот, претседателот на државата да се гласа во Собрание, наместо да се гласа на избори“, рече Груби.

Првиот вицепремиер вели и дека треба да се помести цензусот за референдумот, да се размисли и за недоразбирањата околу конституирање на Собранието, да се тргне 20%, како и да се внесат Бугарите во Уставот.

Оваа иницијатива ја отвори Груби во ТВ21 и побара консензус од сите партии, универзитети, експерти…

Слични содржини