Груби: Бараме уште шест пратеници за уставни измени

од Берта Китинска
125 прегледи

Во моментов 74 пратеници во Собранието се „за” уставните измени и ќе успееме да ги обезбедиме гласовите на уште шест пратеници од македонската опозиција, кои недостигаат за двотретинско мнозинство, истакна првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

– Шестмината ќе ги најдеме во проевропскиот дел на опозицијата, каде тој европски дух е во растеж и тоа е очигледно. На кого мислам? На македонската опозиција. Дали мислам на пратеници на ВМРО? Македонската опозиција не е само ВМРО, рече тој во вчерашното госување во емисијата „Клил плус“ на ТВ21.

На прашањето дали мислат дека ќе добијат гласови и од Левица, Груби одговори дека во опозицијата има и други политички партии во рамките на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ја имате Социјалистичката партија, ја имате српската партија, ја имате ромската партија, имате други партии, има и независни пратеници, рече Груби.

Слични содржини