Груби: Бугарите не успеаа да не асимилираат, ги прифативме сите желби на ВМРО за уставните измени

од Nikola Popovski
271 прегледи

Откако знам за себе, целиот мој живот е поминат во конфликт. Откако знам за себе, има неволји и никогаш нема здодевен момент на Балканот. Тито умре, распадот на Југославија траеше речиси 20 години со војни во Словенија. Хрватска, БиХ, Косово и Македонија. Нерешени прашања меѓу сите наши земји остануваат рана која не се лечи и извор на очај. Исто се извор на политичка манипулација и оддржување моќ. Измислувањето непријатели се покажа како продуктивен начин за да се дојде до власт и да се задржи. Живеевме во страв дека Албанците ќе ја одведат земјата во друга насока, се додека не бевме присилени да бидеме храбри и да ги победиме стравовите. Војната ја завршивме со мировен договор што ја направи земјата лојална кон своите граѓани. Резултатот беше граѓаните да ја возвратат лојалноста кон граѓаните, рече вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на третиот Преспа форум за дијалог, кој годинава се одржува во Струга.

Според Груби, „живеевме во страв дека Грците ќе ни ја одземат историјата и дека тоа ќе биде армагедон, а сега живееме во страв дека Бугарите ќе не асимилираат во 21-от век, и покрај тоа што не успеаа да го направат 21 век“.

-Нашата опозиција во земјата извлече полза од нивната агенда за грабење моќ. Никој од нас не изгуби ништо со Охридскиот рамковен договор, ниту со Преспанскиот договор, ниту од Договорот со Бугарија. Сите ние сакаме иста работа и потребен е еден дополнителен чекор, рече првиот вицепремиер на сесијата „Помирување и демократија како катализатори на промените на Балканот“.

Груби се осврна и на актуелната политичка ситуација во земјава.

-Ги прифативме сите желби и предуслови на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени и дури отидовме неколку чекори понатаму. Понудивме наши оставки и денес пред вас изјавувам дека бараме да се отстрани нон-сенс Пржинската влада. Се прашувам дали има друга желба? Видовме дека нашата опозиција нема проблем со уставните измени и вклучувањето на Бугарите, кажа министерот.

Слични содржини