Груби: Целата надлежност за подизведувачите е на „Бехтел и Енка“

од Nikola Popovski

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска од пробивањето на трасата на автопатот Гостивар Букојчани, со што ќе биде означен стартот на теренските работи од изградбата на Коридорот 8, порача дека целосна надлежност за подизведувачите е во рацете на компанијата „Бехтел и Енка“. Според него, луѓето ќе бидат свесни за динамиката на работа на американско-турскиот конзорциум.

Беше посочено дека изградбата почнува на денот од потпишувањето на договорот. За исплатите, до денес 179 милиони евра се префрлени кај „Бехтел и Енка“.

Ниту владата, ниту некој министри нема можност да влијае врз подизведувачите. Нивните процедури (Бехтел и Енка) се потешки. Они сносуваат одговорност ако не ги запазат роковите за изградба, додаде Груби.

Од вчера беше познато дека „АК инвест“, „Еуровиа“ и „Стентон градба“ се првите подизведувачи кои денеска ќе ја почнат изградбата на делницата Гостивар – Букојчани.

Слични содржини