Груби: Да не бидеме заложници на архаични методи на блокирање од пред два века

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Денес, кога го одбележуваме Денот на словенската писменост се соочуваме со предизвици кои како држава мора да ги надминеме и да го откочиме патот кон европската иднина, порачува до граѓаните Првиот вицепремиер Артан Груби во својата честитка за 24 мај – Денот на Свети Кирил и Методиј.

„Азбуката, јазикот, културата и етничката припадност се вредности што не можат да се спорат со политички договори или спорови, како за луѓето воопшто но и за државата како целина, a за тоа најдобро сведочи историјата.

Нашата работа посветена на остварување на европскиот сон треба да биде ценета и наградена и да не биде заложник од архаични методи на блокирање, од пред два века.

Европа е континент на разновидност и почитување на разликите и Унијата мора да се консолидира како фактор на донесување одлуки и лидер во почитување и интеграција на континенталната целина и правото на самоопределување.

Денес, славиме заедно и ништо не го спречува оваа заедничко обележување, исто како што ништо не треба да го спречува отворањето на преговорите за членство во Европската унија“,посочува Груби.

Слични содржини