Кога го гледаме Кичево 20 години по потпишувањето на Охридскиот Договор можеме да сфатиме колку навистина е сработено за да се постигне еднаквоста и можеме да бидеме горди затоа што со Фатмир Дехари сме го докажале нашиот лидерски капацитет за да имаме една општина еднаква за сите, која главен приоритет го има квалитетниот живот, сподели првиот вицепремиер Артан Груби на Панел дискусијата со тема: „Децентрализацијата пред и после Охридскиот Договор“.
За овие теми се дискутираше денес заедно со жителите на Кичево анализирајќи го истотака и процесот на децентрализацијата и фазите на нејзиното унапредување како една од столбовите на Охридскиот Договор.
„Сигурен сум дека Фатмир Дехари ќе ја издвои следната победа за да го продолжи прогресивниот пат во духот на Охридскиот Договор“, додава Груби.