Груби донесе куфер и побара од Меџити и Ганиу да ја „ослободат“ општина Чаир

од Nikola Popovski
246 прегледи

Вицепремиерот и министер за политички систем од редовите на ДУИ, Артан Груби денеска донесе куфер пред општина Чаир и побара оставка од политичарите од албанската здружена опозиција, по синоќешниот резултат од првиот круг на претседателските избори. Притоа беше пуштена и песна на албански јазик од звучник.

-Песната вели дека им ја разбираме позицијата во која што се. Актуелниот и формален градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, како и неговиот нотар, Висар Ганиу, мора да ја видат топ-листата. На неа број 1 се луѓето што се овде и граѓаните на Чаир. Оттаму нека си го земе куферчето и нека си замине. Да ја ослободи окупираната општина Чаир на европските граѓани, рече Груби пред новинарите.

Вели дека воопшто нема тензии и дека граѓаните се определиле за европска иднина.

-Треба да си го оддржат зборот и да поднесат оставки, откако кажаа дека на нотар потпишале изјави за оставка во случај на пораз. Изгубија со 40 илјади гласови кои ќе станат 80 илјади на 8 мај. Народот не сака изолација и не сака да биде слуга на Мицкоски и Апасиев, порача Груби.

Слични содржини