ДУИ смета дека Зоран Заев треба да остане на позицијата премиер додека да се стабилизира парламентарното мнозинство, вели Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби додавајќи дека за ДУИ е прифатлив и друг мандатар, кој ќе го предложи СДСМ.
– Зошто не би бил прифатлив нов мандатар. Ја почитуваме одлуката на СДСМ, кого и да изберат тие за претседател, кого и да го предложат за мандатар секако, изјави вицепремиерот.
Тој информираше дека неговата партија го отстапила министерството за информатичко општество, но го добила ресорот за земјоделие.
-Во услови на преговарања меѓу постоечките коалициски партнери и нови коалициски партнери коишто ќе дојдат, сите отстапуваат места коишто ги имаат дотогаш.Ние всушност во Владата отстапивме од МИОА, но го добивме ресорот земјоделие, којшто е многу голем и каде што имаме многу, многу значајни проекти, коишто ги имаме зацртано во нашата програма и за коишто ни е многу значајно да ги имплементираме, посочи Груби.