„Ви посакувам добра ноќ. Имајте убав помин! ДУИ посилна од кога било, рече Груби“, рече првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби по средбата воопшто не ја коментираше средбата.
Предходно Бујар Османи кажа дека средбата била во атмосфера на соработка.
-Лидерот Ахмети имаше средба со претставници на партијата од различни ограноци пред Централниот совет на партијата, каде што ќе се донесат одлуки за формирање на централните претседателства и другите органи на партијата, кажа Министерот за надворешни работи на Република Македонија.Средбата помина во атмосфера на соработка, унифицираност и подготвеност на партијата за нови походи“, кажа Османи.
Утре ДУИ ќе одржи Централен совет на кој ќе се бира ново раководство на партијата .
Откако тоа ќе биде избрано се очекува да биде побаран отчет за сработеното од министрите на ДУИ и првиот заменик на претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.