Груби – Гир: Уставните промени, клучот за продолжување на интегративниот процес

од Destan Jonuzi
153 прегледи

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со шефот на мисијата на Европската Унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир. Груби во оваа прилика го ценеше активниот ангажман на Европската Унија во Република Северна Македонија и во регионот.

На средбата се разговараше за Јавниот повик за поддршка на невладините организации бидејќи оваа поддршка продолжува од страна на Владата. Процесот ќе биде многу транспарентен бидејќи вклучува претставници од повеќе институции, како и од Советот за поддршка на невладините организации, а во целиот процес на селекција се поканети да учествуваат и претставници од Европската Унија.

Потребата од уставни измени за да се отвори дискусијата за европската иднина на државата беше дел од разговорот меѓу Груби и Гир, но и одлуките кои во наредниот период треба да се донесат во Собранието со политички и општествен консензус од сите општествени политички чинители.

Груби и Гир разговараа и за внатрешно-политичките настани во земјава, со фокус на европските трендови и интеграции, како и за успешниот напредок на скрининг-процесот и спроведување на реформите.

Слични содржини