Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби заедно со Заменикпремиерот Битиќи и градоначалникот на Скопје, г. Петре Шилегов, на Чаир г. Висар Ганиу и Карпош г. Стефан Богоев, учествуваше во почетокот на градежните работи на булеварот „Хасан Приштина“.
Пред присутните, Груби рече дека овој е многу важен проект за сите.
“Почитуван домаќин, градоначалник на Скопје Шилегов, почитуван колега Фатмир, градоначалници, Висар, Стефан и сите вие драги гости, медиуми, граѓани. Многу сум среќен што сум денес тука со вас за да го означиме почетокот на реализација на еден проект толку драг за мене и многу посакуван од нашите граѓани со децении. За овој проект и булеварот Хасан Приштина со Петре се договоривме за две минути и веднаш ги обезбедивме средствата од државниот буџет со ово-годинешниот ребаланс. Уште посреќен сум што можеме да придонесеме за градење на поинаква скопска приказна, подобро Скопје за сите нас. Бев граѓански активист кога ги рушев sидовите што ми го делеа градот како резултат на моноетничкото, монорелигиозното, монокултурното лудило наречено Скопје 2014”, истакна Груби.
Според него, придонесот даден за изградба на булевари, мостови и паркови е разлика што создава еднаквост, а не поделба.
“Додека денес, како избран од вас за да ви служам, стојам пред вас, придонесувам заедно со Петре за изградба на мостови, булевари, паркови. Ова е разликата. Допирна и видлива разлика. Разлика што придонесува за еднаквост, а не за поделба, која гради мостови, а не sидови. Нашиот избор е повеќе од лесен и јасен, дали го сакаме Скопје за сите, или пак го сакаме Скопје за нив и за нас, дали сакаме Скопје да биде едно, или да биде Скопје од десната и левата страна на Вардар, дали сакаме Скопје да се развие или да се уназади. Одговорот на овие дилеми се дава на 17 октомври, додека јас сум убеден дека исто како што започнуваме со проектов денес заедно со Петре, заедно со него ќе ја инаугурираме оваа петља и булеварот Хасан Приштина при завршувањето на градежните работи”, рече меѓу другото првиот Вицепремиер, Груби.