Груби и Бектеши во Тирана сведочеа на големата победа на Албанија против Полска

од Nikola Popovski
834 прегледи

Албанската фудбалска репрезентација синоќа ја совлада Полска во квалификациите и го продолжи својот пат кон пласман на Европското првенство 2024. Дел од настанот беа и министерот за политички систем и односи за заедниците, Артан Груби, како и министерот за економија и негов партиски колега Крешник Бектеши.

Двајцата членови на македонската влада заедно со своите синови присуствуваа на стадионот „Ер Албанија“ во Тирана и сведочеа на големата победа на нашиот западен сосед.

Албанија е прва во својата група со 10 бодови од пет натпревари, пред Чешка, Молдавија и Полска. На Европското првенсто во Германија заминуваат двете првопласирани.

Слични содржини