Груби и Османи имаат најслаби резултати во Владата, велат од „Огнената група“ од ДУИ

од Radmila Tasevska
224 прегледи

Денес на прес-конференцијата Изет Меџити, предводник на т.н. огнена група во ДУИ, која го изрази незадоволството од работењето на своите министри во Владата, истакна: „Нашите забелешки не беа разгледани во партијата и затоа му се обраќаме директно на членството преку медиумите“.

„Од Владата бараме одговорност за неефикасното работење. Артан Груби и Бујар Османи ги имаат најслабите резултати во Владата и првпат рејтингот на албанската позиција го надмина рејтингот на ДУИ“, рече Меџити.

Во огнената група во Демократската унија за интеграција се пратеникот Изет Меџити, градоначалниците на општините Сарај и Чаир, Блерим Беџети и Висар Ганиу, како и ексфункционерот Муса Џафери.

Во новото претседателство што го предложи Ахмети беа избрани и членовите на ова група, кои неодамна изразија незадоволство од работата на Владата, особено од вицепремиерот Груби.

Од оваа група за потпретседател на ДУИ беше избран Изет Меџити, а Блерим Беџети беше избран за организациски секретар.

Слични содржини